Браќата на Никола Јокиќ, Страхиња и Немања се постојано на трибините на натпреварите на Денвер и веќе неколкупати биле опоменувани за аграсивно однесување.
На вториот меч од серијата меѓу Денвер и Лејкерс, Страхиња Јокиќ жестоко удри фан на трибините. Се појави видео од инцидентот кое стана вирално на социјалните мрежи.
НБА лигата отворила истрага против браќата Јокиќ и не се исклучува можноста да добијат суспензија, односно да не смеат да влезат во салата на одредено време.
Според американските медиуми, истрага почнала и полицијата која се обидува да го идентификува лицето кое добило удар во главата, а истовремено бара и сведоци да се јават во најблиската станиција за да се расчисти случајот.
The Jokic bros fighting fans last night 😳
(Via cgallegos67 / h/t @ClutchPoints )
— NBACentral (@TheDunkCentral) April 23, 2024