НАСА објави трејлер за претстојното лансирање кон Марс (ВИДЕО)
НАСА објави нешто што може да се опише само како трејлер за претстојното лансирање на 30 јули. Едноминутниот, анимиран клип ја сумира целата мисија: ќе го дознаете името на новиот ровер (Персевиренс), неговата локација на слетување (кратерот Језеро, именуван по истоимената босанска општина), неговата мисија и нејзиниот придружник - хеликоптер по име Инџенуити.
Секако, деновиве повеќето од нас сме позаинтересирани за вселената од обично, затоа што планетата Земја е во тотален хаос. Но вселената е забавна. Лансирањата ракети се забавни. Добро е што НАСА ја загрева атмосферата.