МКД.мк

Захарова: „Таквите чекори нема да останат без одговор“

Русија соодветно ќе одговори на санкциите на ЕУ поради случајот со опозицискиот лидер Алексеј Навални и ситуацијата во Либија, рече Марија Захарова.

„Таквите чекори нема да останат без наш соодветен одговор“, рече Захарова, пренесува Taсс.

Како што истакна таа, објаснувањата со кои ЕУ ја оправдува ваквата одлука „не држат вода и се на работ на апсурд“.

„Се разбира, не се зборува за било каков вистински доказ“, истакна Захарова.

ЕУ денес воведе санкции против шест руски функционери и еден субјект „за употреба на хемиско оружје“, како што се наведува, односно труењето со Новичок и „обидот за убиство на Алексеј Навални“.

Усвоените рестриктивни мерки се состојат од забрана за патување во ЕУ и замрзнување на имот, а на поединците и субјектите на ЕУ им е забрането да ставаат средства на располагање на оние кои се санкционирани.


Извор: https://www.mkd.mk/svet/vesti/zaharova-takvite-chekori-nema-da-ostanat-bez-odgovor