Вучиќ: Во Србија пристигна лек против коронавирус (ВИДЕО)
„Имаме за 11.500 луѓе, а ќе имаме за 50.000 луѓе“, напиша Вучиќ во објавата на Инстаграм.
Тој посочи дека овој лек им помага на луѓето во првите пет дена по позитивниот тест на коронавирус, а е наменет пред се за најранливите - оние со прекумерна телесна тежина, дијабетичари и кардиоваскуларни пациенти.
„Лекот спасува животи, спречува смртност во огромен процент“, рече Вучиќ.
Претседателот на Србија најави и дека во првиот квартал од следната година се очекува и лекот од американската компанија Фајзер.
„Ова ја покажува нашата грижа за луѓето“, напиша Вучиќ.