МКД.мк

Во Русија од утре задолжително маски во парковите, лифтовите и во јавниот превоз

Русија утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус.

Според уредбата објавена на веб-страницата на руското Министерство за здравство, граѓаните од целата земја од утре мора да носат маски во јавните простори, во јавниот превоз, на паркинзите и во лифтовите.

Истата агенција го ограничи и работното време на кафулињата и рестораните, кои можат да бидат отворени од 6 до 23 часот.

Вчера Русија имаше 16.500 новоинфицирани, но и најголем број починати, 320 во рок од 24 часа.


Извор: https://www.mkd.mk/svet/vesti/vo-rusija-od-utre-zadolzhitelno-maski-vo-parkovi-liftovi-i-vo-javniot-prevoz