МКД.мк

Турција усвои закон за социјалните мрежи, критичарите тврдат дека така ќе се зголеми цензурата

Турскиот парламент усвои закон за регулирање на содржините на социјалните мрежи, со кој тврдат критичарите ќе се зголеми цензурата и ќе им се овозможи на властите да ги замолчат гласовите на опозицијата.

Законот предвидува странските социјални мрежи да одредат претставници за Турција кои ќе водат сметка во врска со стравувањата на властите во однос на содржините, а има и краен рок за отстранување на спорен материјал.

Според новиот закон, компаниите се соочуваат со парични казни, блокирање на рекламирањето и намалување на опсегот на широкопојасниот интернет до 90 проценти, со што всушност се блокира пристапот.

Владејачката партија на претседателот Таип Ердоган (АКП), која со националистичката партија има мнозинство во парламентот, го поддржа предлог законот, а неговото усвојување по расправата што започна во вторникот е објавено на Твитер.


Извор: https://www.mkd.mk/svet/vesti/turcija-usvoi-zakon-za-socijalnite-mrezhi-kriticharite-tvrdat-deka-taka-kje-se-zgolemi