Талибанците: Жената не е сопственост, туку слободно битие
„Жената не е сопственост, туку благородно и слободно човечко суштество, никој не може никому да му ја даде во замена за мир или за прекин на непријателствата“, се вели во декретот на талибанците, издаден од нивниот портпарол Забихула Муџахид.
Уредбата воспоставува правила со кои се регулира бракот и имотот на жените, во кои се наведува дека жените не треба да се принудуваат на брак и дека вдовиците треба да имаат удел во имотот на нивниот покоен сопруг.
Судовите треба да ги земат предвид овие правила при донесувањето одлуки, а министерствата за верски прашања и информации треба да ги промовираат овие права, се вели во декретот.
Меѓутоа, во декретот не се споменува дека жените можат да работат или да добијат пристап до објекти надвор од домот или до образование, што претходно предизвика голема загриженост и критики од меѓународната заедница.
За време на нивното претходно владеење од 1996 до 2001 година, талибанците им забрануваа на жените да ја напуштаат куќата без машки роднина и целосно покривање на лицето и главата, додека на девојчињата им беше забрането образованието.
Талибанците, меѓутоа, сега тврдат дека се смениле и дека е дозволено отворање средни училишта за девојки во некои провинции.