Судот во Москва го казни Гугл со три милиони рубљи
Минатиот месец Русија се закани дека ќе го казни Гугл во висина од одреден дел од годишниот приход на компанијата остварен во Русија бидејќи во неколку наврати не ги избришал забранетите содржини на својот пребарувач и на Јутјуб.
Оваа закана се смета за најрешителниот потег на Москва досега во обид да ги спречи странските технолошки компании.
Гугл, кој минатиот месец објави дека платил повеќе од 32 милиони рубљи казни, не одговори веднаш на барањето на Ројтерс да ја коментира вчерашната одлука на судот во Москва.
Русија оваа година изрече неколку мали казни за американските технолошки компании, а државното регулаторно тело за комуникации Роскомнадзор ја забави оперативната брзина на Твитер во март.