Српската полиција чува мурал на Ратко Младиќ од граѓаните на Белград (ВИДЕО)
Но, на демонстрантите пред патот им застанала интервентната полиција не дозволувајќи им да пријдат до спорниот мурал.
Како што јавуваат српските медиуми, кордон на интервентната полиција ги блокирал сите приоди до муралот, а на улиците излегле и десничарите, поддржувачи на Младиќ.
Како што јавува Н1, станувало збор за мала група десничари, главно млади мажи. Тие кажале дека се собрале за да го „испочитуваат ликот и делото на Ратко Младиќ“ и да му „искажат благодарност“, а на констатацијата на новинарот на Н1 дека станува збор за осуденик за воени злосторства, еден од присутните кажал дека тие не го признаваат Хашкиот суд.
Активистите си заминале околу 22 часот, но најавиле дека ќе продолжат да се собираат, сè додека муралот на Младиќ не биде пребоен.