МКД.мк

Словенија ги повлекува своите војници од нападната база Ербил во Ирак

Поради нападот врз воздухопловната база во Ербил на северот на Ирак Словенија ќе ги повлече своите шест војници кои таму со коалициските сили учествуваа во обуката на ирачката војска, соопшти денес словенечкото министерство за одбрана.

Извлекувањето, како што се додава, ќе биде изведено заедно со евакуацијата на германските војници кои таму се наоѓаат во истата мисија. За одлуката за повлекување се информирани претседателот на државата Борут Пахор и министерот за одбрана Карл Ерјавец кои рано наутро за состојбата во Ирак се консултирале во министерството за одбрана и со видео-врска разговарале со словенечките војници во Ербил.

За повлекувањето од Ирак е информиран и премиерот Марјан Шарец, а сите припадници на словенечката војска за време на нападот врз воздухопловната база биле во засолниште, не се повредени и добро се чувствуваат, соопшти словенечкото министерство за одбрана.

Министерот за надворешни работи Миро Церар кажа дека со заострувањето на ситуацијата во Ирак ги повикува сите страни на смирување на тензиите и додаде дека ќе учествува на вонредната министерска средба на членките на ЕУ утре на кој треба да се усогласи дејствувањето на Европската Унија.


Извор: https://www.mkd.mk/svet/vesti/slovenija-gi-povlekuva-svoite-vojnici-od-napadnata-baza-erbil-vo-irak