сабота, 20 април 2024

Во Штип се одбележа 42-годишнината од смртта на Ацо Шопов

Во Штип денеска се одбележаа 42 години од смртта на македонскиот поет и револуционер, Ацо Шопов. Делегации на Општинската организација (ОО) на Сојузот на борци на Македонија(СБМ), на Општина Штип, државни институции и политички партии положија цвеќе пред бистата на Ацо Шопов.

Објавено на

часот

Сподели

Петар Мицевски претседател на ОО на СБМ-Штип истакна дека Шопов е карактеристичен по тоа што бил изразит лиричар кој со своето творење го одбележува почетокот на субјективната, интимната лирика во современата македонска книжевност.

„Aцо Шопов учестувал во ослободувањето на младинската организација, држи разни предавања по градовите и селата, учествува во уредувањето на повеќе списанија, напердната литература: Нов ден, Иднина, Современост, Хоризнот. Бил претседател на Друштвото на писателите во Македонија од неговото основање во 1947 година“, рече Мицевски.

Карактеристично за него е дека и покрај тоа што бил врвен поет, академик, Шопов остава голем печат на современата македонска поезија.

„Ацо Шопов е учесник во НОБ од 1941 до 1945 година, и се наредува до врвот на борците кои ја водеа четири годишната, кои издвојуваа победа над фашизмот и создадоа држава Република Македонија“, рече Мицевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ