Шефицата на ЕУ: Време е „да размислиме за задолжителна вакцинација“
Говорејќи на прес-конференција, шефицата на Европската комисија предложи земјите-членки да се придвижат кон задолжителна вакцинација против ковид за да помогнат да се спречи ширењето и понатамошниот скок на заразата поради појавата на нови варијанти, како што е варијантата омикрон.
„Мислам дека е разбирливо и соодветно да се води оваа дискусија сега, за да ја поттикнеме и потенцијално да размислиме за задолжителна вакцинација во рамки на Европската унија“, рече фон дер Лајен, додавајќи дека борбата против пандемијата бара „заеднички пристап“ низ целиот блок.