петок, 26 април 2024

Тошковски им вети поддршка на припадниците на ЕБР на кои им треба опрема, возила и нови колеги

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени во Полицискиот центар Ѓорче Петров, соопшти МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Во рамки на посетата министерот направил кратка обиколка на центарот, ја посетил спомен собата на ЕБР и оддржа работен состанок со поширокото раководство на двете единици.

„Од страна на командантите на двете Единици бев запознаен со структурата и делокругот на нивната работа и во тој поглед ЕБР е Единица која постапува главно за воспоставување на јавниот ред и мир при спортски натпревари, јавни манифестации и масовни демонстрации, при справување со вооружени и екстремистички криминални банди во планински и рурални средини, при апсење на опасни лица, а дава асистенција и на други организациски единици во МВР, но и на други институции. Исто така, беше потенциран проблемот со трендот на намалување на бројот на припадници на Единицата и се помалиот интерес за работа што во иднина може да го доведе во прашање високото ниво на ефикасност во нивната работа. Од аспект на опрема потребен е континуитет во набавката на опрема и возила кои недостастуваат во последниот период“, подвлекол министерот Тошковски.

Како што стои во денешното соопштение од МВР, што се однесува до ЕОП оваа Единица е сочинета од 3 батаљони кои се сочинети од редот на редовните полициски службеници низ Секторите за внатрешни работи. Нивниот делокруг на работа, велат од министерството, е главно при нарушен ЈРМ од поголем обем и давање на поддршка и спроведување на обуки за другите организациски единици во Министерството.

Од страна на министерот Тошковски била изразена благодарност за професионализмот што го покажаа во контекст на изборите и кој овозможи да имаме безбеден изборен ден и потенцираше дека во иднина секогаш ќе дава поддршка на специјалните единици бидејќи тие се првиот столб за заштитата и зачувувањето на безбедноста и суверенитетот на државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ