САД го суспендираа издавањето визи за Турција по предупредувањето за можни напади
„Мисијата на Соединетите Држави во Турција доби веродостојни извештаи за потенцијални закани од терористички напади и киднапирања врз американски и странски државјани во Истанбул“, соопшти амбасадата.
Целите би можеле да бидат американскиот конзулат во Истанбул и други локации во земјата.
Привремено се укинува и работата со американски државјани во пет дипломатски мисии во Турција, вклучително и амбасадата во Анкара и генералниот конзулат во Истанбул.
Американската амбасада ги повикува американските граѓани „да бидат претпазливи на места каде што би можеле да се собираат Американци или странци, вклучително канцеларии и трговски центри“.
На американските граѓани им е препорачано да не се истакнуваат.
Во октомври 2016 година, Вашингтон ги евакуираше семејствата и дипломатскиот персонал од Истанбул по извештаите дека „екстремистички групи подготвуваат напади врз американски државјани во населби во Истанбул каде живеат Американци или ги посетуваат“.
Во 2015 и 2016 година, Турција беше потресена од голем број смртоносни атентати за кои одговорноста ја презеде исламистичката група или на неа ѝ беа припишани. Последниот таков напад се случи на новогодишната ноќ во 2017 година во дискотека во Истанбул со 39 жртви, претежно странци.