Русија ја предупреди Украина да не го решава со сила конфликтот на истокот на земјата
Украинската влада и западните земји тврдат дека трупањето руски војници и воена опрема можеби значи дека Москва планира инвазија на соседната земја, што руските власти повеќе пати го негираа.
Началникот на Генералштабот на руската војска Валериј Герасимов ги отфрли како невистинити медиумските извештаи за наводни руски подготовки за напад на Украина.
Тој за ескалацијата на тензиите на истокот на Украина го обвини Киев, односно разместувањето на украинско вооружување кај Донбас.
Герасимов го предупреди Киев да не користи сила во таа област.
„Ќе бидат сузбиени сите провокации на украинските власти со цел насилно решение на проблемот со Донбас’, кажа Герасимов на состанокот со странските воени аташеа.
Русија го припои црноморскиот полуостров Крим во 2014 година, откако тогашниот претседател на Украина Виктор Јанукович, наклонет кон Москва, беше урнат од власта со насилни протести.
Неколку недели подоцна Русија го поддржа бунтот на проруските сили на истокот на Украина кој сè уште трае.