Приштина повторно им нуди на Американците да воспостават постојана воена база на Косово
Мехај, кој престојува во Соединетите Американски Држави, се сретнал во Пентагон со заменичката на помошникот министер за одбрана Лаура Купер, пренесува приштинска Газета експрес.
„Мехај повторно им понуди на САД да воспостават постојана воена база на Косово, за истовремено да придонесат на зголемувањето на безбедноста и стабилноста на регионално ниво“, соопшти косовското министерство за одбрана.
Мехај и Купер се договориле да го зголемат учеството во заедничките мисии и вежби на американската војска и косовските безбедносни сили.