четврток, 28 март 2024

Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Индонезискиот парламент денеска одлучи поранешната метропола Џакарта да остане економски центар на земјата како дел од планот за преселување на главниот град на островот Борнео.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Индонезија планира да го пресели својот главен град од преполната Џакарта, чија надморска височина е се пониска, во Нусантара, град вреден 32 милијарди долари кој се гради во џунглите на источен Калимантан на Борнео.

Градот е водечки проект на претседателот во заминување Јоко Видодо, кој вети подобра дистрибуција на богатството и развој низ архипелагот, а не само на островот Јава.

Според новиот закон од 18 март, ќе се формира Совет за „агломерација“ за да ги координира развојните планови меѓу Џакарта и нејзините сателитски градови.

Министерот за внатрешни работи Тито Карнавијан по дебатата во парламентот рече дека Џакарта ќе треба и понатаму да се развива за да се натпреварува со другите „градови од светска класа“ откако седиштето на владата ќе се пресели во Нусантара.

„Откако повеќе нема да биде главен град, Џакарта сепак мора да има печат на посебен град за да може да го забрза економскиот раст и да го зголеми придонесот во БДП на земјата“, рече тој.

Според сегашните правила, Џакарта ќе остане главен град на Индонезија додека претседателот не издаде декрет за официјално именување на Нусантара за нов главен град, што се планира за оваа година.

Се очекува владата годинава да одржи церемонија на Денот на независноста на 17 август во Нусантара, а до крајот на оваа година е планирано преместување на илјадници државни службеници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ