Нов дипломатски удар: Русија забрани влез во земјата на неколку функционери на ЕУ
Русија, меѓутоа, не откри за колкав број луѓе станува збор ниту ги објави нивните имиња.
„Руската страна одлучи да ја прошири реципрочната листа на претставници од членките на ЕУ и институциите на кои им е забранет влезот во Русија“, објави руското министерство за надворешни работи на својата интернет страница.
Во соопштението се наведува дека Русија ја проширила листата на некои европски приватни воени компании, припадници на безбедносните служби, ЕУ парламентарци и други функционери кои се „лично одговорни за промовирање антируска политика“.
Европската комисија изрази жалење поради овој потег на Москва.