МКД.мк

НАТО е спремно да разговара со Русија

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска телефонски разговараше со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за претстојниот дијалог со Русија, соопшти Стејт департментот.

Прес-службата на Стејт департментот наведе дека НАТО е подготвено за важен разговор со Москва, но нагласи и дека е обединето во целта да се спречи „понатамошна агресија врз Украина“, пренесе ТАСС.

„Секретарот Блинкен денеска разговараше со Столтенберг за претстојниот состанок меѓу НАТО и Русија. Алијансата е подготвена за разговори со Русија и е обединета против натамошната агресија врз Украина“, се наведува во соопштението.

Руско-американските преговори за безбедносните гаранции ќе се одржат во Женева на 10 јануари, а разговорите меѓу Русија и НАТО се планирани за 12 јануари.

Претставниците на Руската Федерација на 13 јануари ќе разговараат со претставници на ОБСЕ.


Извор: https://www.mkd.mk/svet/vesti/nato-e-spremno-da-razgovara-so-rusija