сабота, 4 мај 2024
Ла Лига

Атлетико минимално ја совлада Мајорка и направи нов чекор кон ЛШ (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид со 0-1 славеше на гостувањето кај Мајорка, Родриго Рикелме донесе три бода со убав погодок од врвот на шеснаесетникот.

Објавено на

часот

Сподели

Атлетико Мадрид направи нов чекор кон место во Лигата на шампиони, избраниците на Диего Симеоне вечерва победија со 0-1 на гостувањето кај Мајорка и повторно имаат +6 во однос на Атлетик Билбао.

Играч на натпреварот беше Родриго Рикелме, кој го постигна единствениот гол на мечот.

Уште во 5. минута, младиот фудбалер прими една топка на врвот на шеснаесетникот, си направи простор за шут и прецизно биеше за 0-1, голманот на Мајорка не се помрдна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ