МКД.мк

Лавров ја очекува првата рунда разговори со НАТО на почетокот на 2022 година

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изрази очекување дека првата рунда разговори со НАТО за безбедносните барања на Москва ќе се одржи на почетокот на следната година.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави во вторникот дека алијансата ќе побара разговори со Москва на почетокот на 2022 година за тензиите поврзани со концентрацијата на руските сили на границата со Украина, пренесува Ројтерс.

Москва побара од Западот безбедносни гаранции, вклучително и ветување дека НАТО нема да има воени активности во Источна Европа, објаснувајќи дека безбедноста на Русија е загрозена од зголемените врски на Киев со алијансата, како и можноста ракети на НАТО да бидат распоредени на украинска територија.


Извор: https://www.mkd.mk/svet/vesti/lavrov-ja-ochekuva-prvata-runda-razgovori-so-nato-na-pochetokot-na-2022-godina