Корбин: Лабуристите ќе сторат сè што можат за да спречат брегзит без договор (ВИДЕО)
Борис Џонсон во средата ја презеде функцијата премиер со ветување дека до 31 октомври ќе го исполни брегзитот „па што и да биде“, а владата ги засилува подготовките за излез без договор.
„Ние ќе сториме сè за да спречиме излез без договор и ќе сториме сè за да ја оспориме оваа влада“, изјави Корбин за Скај њуз.
Запрашан за изгледите за притисок за гласање недоверба во владата, Корбин рече дека „ќе ја разгледа ситуацијата“ кога парламентот во септември ќе се врати од летниот одмор.