Фаучи: Вакцина до крајот на годината, но дистрибуција дури следната
Фаучи во интервју за Би-би-си кажа дека дистрибуцијата на вакцината ќе почне дури во 2021 и дека први корсници ќе бидат ранливите групи и медицинските работници.
„Ќе знаеме дали вакцината ќе биде безбедна и ефикасна до крајот на ноември, почетокот на декември“, кажа Фаучи.
„Кога зборувате за вакцинација на голем дел од популацијата, толку за тоа да има значително влијание на епидемијата, тоа нема да се случи пред вториот или третиот квартал на годината“, додаде тој.
Фаучи истакна дека е „многу важно“ политичарите и јавните личности да ја следат науката. „Можете позитивно или негативно да влијаете врз однесувањето на луѓето. Би било навистина срамота да имаме безбедна и ефикасна вакцина а поголемиот дел од луѓето да не сакаат да ја примат бидејќи не им веруваат на властите“, кажа тој.
Тој додаде дека е очигледно дека идејата за вбризгување средства за дезинфекција која Трамп ја пропагираше на почетокот на годината не е во согласност со науката.
На прашањето дали американскиот претседател сега е имун бидејќи ја прележа короната и дали неговата изјава дека сега луѓето може да живеат во согласност со научните факти, Фаучи искоментира „дека веќе се знае одговорот на тоа, не, не е“.
Според него Трамп не е во право ни кога вели дека слушањето на научниците ќе доведе до масовна депресија и порача дека затворањето на економијата може да се избегне ако се слуша струката и се почитуваат мерките за заштита.
Фаучи истакна дека е сосема сигурно дека „вирусот нема наскоро да исчезне“, што Трамп го повтори повеќе пати. Тој го поддржа повикот на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден да се носат маски, наведувајќи дека не може да зборува со конкретни бројки но дека е вистина дека носењето маски спасува многу животи.