Ерменија и Азербејџан продолжуваат да водат жестока војна, пропаѓа планот на Американците (ВИДЕО)
Планот на шефот на американската дипломатија Мајк Помпео во петок да се сретне со министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија поттикна надеж дека двете поранешни советски републики ќе се договорат и ќе го прекинат најжестокиот конфликт од средината на 1990-тите.
Но, та надеж нагло стивна поради продолжувањето на судирите во и околу Нагорно Карабах, одметнатата територија во Азербејџан, но под контрола на Ерменците и поради жестоката реторика од двете страни.
Стотици луѓе загинаа од избивањето на борбите на 27 септември, поттикнувајќи страв од поширока војна во која би се вклучиле Русија и Турција и загриженоста за безбедноста на нафтоводите и гасоводите со кои азербејџанските енергенси се транспортираат на светскиот пазар.
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјави вчера дека во овој момент не гледа дипломатско решение за долгогодишниот конфликт, додека претседателот на Азербејџан Илхам Алиев во разговор за весникот Никеи денес кажа дека шансите за постигнување мир се „многу слаби“.