МКД.мк

Бугарија ги укинува „златните пасоши“, не довеле до реални инвестиции

Бугарската влада усвои закон за укинување на таканаречените „златни пасоши“, програма која овозможува давање државјанство во замена за големи инвестиции. Законот треба да го усвои парламентот.

Министерството за правда на Бугарија соопшти дека „златните пасоши“ не довеле до вистински инвестиции во земјата.

Граѓаните на земји надвор од Европската Унија добиваа постојана дозвола за престој во Бугарија (златна виза) или „златен пасош“ благодарение на инвестиции, главно купување на државни хартии од вредност или банкарски депозити во земјата.

Тоа, меѓутоа, не биле вистински инвестиции кои придонесуваат на развој на економијата и отворањето работни места. Вредноста на златната виза е инвестиција од 525.000 евра, а на златен пасош 1,05 милиони евра.


Извор: https://www.mkd.mk/svet/vesti/bugarija-gi-ukinuva-zlatnite-pasoshi-ne-dovele-do-realni-investicii