Брнабиќ: Незгодно е да се посети држава од која е протеран амбасадорот на Србија
Брнабиќ, одговарајќи на прашањето на новинарите дали ќе ја посети Црна Гора, му се заблагодари на Кривокапиќ на поканата, и додаде дека е „незгодно да ја посети државата во која вашиот амбасадор е прогласен за непожелна личност“.
„Се надеваме дека тоа прашање (на амбасадорот) ќе може да се реши, а во кој било друг сегмент од дијалогот, владата на Србија и државниот врв покажаа колку им значи соработката со Црна Гора во овој момент“, кажа Брнабиќ, пренесува Танјуг.
Таа кажа дека на јасно барање на претседателот на Србија Александар Вучиќ не возвратила со реципрочни мерки на Црна Гора, и дека „го задржала нејзиниот амбасадор во Белград“.
„Тоа е гест на пружена рака, и понатаму очекуваме на тој гест соодветно да одговори и Црна Гора. Ја имам предвид нивната покана и им благодарам“, порача Брнабиќ.