Американскиот федерален суд повторно воведе уредба за задолжителна вакцинација
Задолжителната вакцинација за вработените во големите компании на почетокот на ноември ја суспендираше друга судска инстанца.
Според новите правила, вработените во компаниите во САД со повеќе од 100 работници ќе мора да 4 јануари да бидат вакцинирани против коронавирусот или да бидат тестирани секоја недела за да можат да работат.
На компаниите кои нема да ги почитуваат тие прописи им се заканува казна од 14.000 долари по прекршок.
Најмалку 26 американски сојузни држави поднесоа тужба против администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден поради указот за задолжителна вакцинација.
Уредбата на претседателот посебно ја оспори државата Тексас, во која на власт се републиканците.