Турција: Лирата падна на најниска забележана вредност, Ердоган го смени министерот за финансии
Небати, кој беше заменик министер, е именуван по оставката на досегашниот министер Луфти Елван откако лирата падна на рекордно ниска вредност.
Падот на лирата на најниската забележана вредност е предизвикан од загриженоста за економската политика на владата по серијата намалувања на трошоците за задолжување и покрај растечката инфлација.
Турската валута изгуби околу 40 отсто од вредноста од почетокот на годината.
Ердоган упорно инсистира дека високите камати ја предизвикуваат инфлацијата, спротивно од вообичаеното економско мислење и јасно даде до знаење дека земјата ќе продолжува да ги намалува каматните стапки.
Поради разликите околу прашањето на каматите Ердоган од 2019 година разреши тројца гувернери на централната банка.
57-годишниот Небати докторирал на областа политички науки и јавна управа.
„Нека Бог ни олесни, а не да ни отежни. Бпже мој, помогни нештата да завршат подобро. Дај ни висина во работата, направи да успееме“, објави Небати на Твитер по именувањето.