Поради хаосот околу брегзитот фунтата вртоглаво падна
Фунтата вчера околу 16 часот вредеше 1,2998 долари, додека нејзината вредност во четвртокот вечерта беше 1,30044 долари.
Едно евро вредеше 86,36 пенија, а синоќа се менуваше за 86,03 пенија.
Британскиот парламент по трет пат го отфрли договорот за разделување со Европската Унија кој Лондон и Брисел го постигнаа кон крајот на ноември.
Премиерката Тереза Меј по гласањето кажа дека последиците на одбивањето на договорот се „сериозни“ и дека сега основното сценарио станува брегзит без договор на 12 април.