Шведска ќе игра против Шпанија во големото финале на Европското првенство
Фаворизираните селекции на Данска и Франција во недела ќе се борат за третото место на Европското првенство, а пехарот ќе го крене некоја од селекциите на Шпанија или Шведска.
Франција имаше одличен почеток на мечот, поведе со 5-1 на стартот, уште неколкупати имаа предност од четири гола, но потоа следуваше серија на Шведска која го презеде водството и на одморот замина со предност од 17-14.
Во вториот дел Шведска постојано водеше, а Франција се обидуваше да ја анлуира негативата. Вистинска драма се случуваше во финишот од натпреварот. При 34-33 Шведска ја загуби топката и им дозволи на Французите напад за израмнување на 15 секунди до крајот, но Швеѓаните го имаа фантастичниот паличка кој го одбрани последниот зицер и ја однесе својата репрезентација во финалето.
Паличка беше брилијантен со 12 одбрани, а постигна и три голови, големи заслуги за финалето носи Готфридсон кој постигна девет голови, а имаше и неколку фантастични асистенции. Кај Франција Деска и Мин постигнаа по осум голови.
Во недела од 15:30 часот најпрво се игра мечот за третото место меѓу Данска и Франција, а финалето меѓу Шпанија и Шведска е од 18 часот.