МКД.мк

Познати се сите можни противници на Македонија за вториот бараж за пласман на СП

Исланд е последниот можен противник на Македонија за вториот бараж за пласман на Светското првенство следната година, Исланѓаните го загубија мечот за петтото место од Норвешка. 

Во натпревар кој се решаваше по продолженија, Норвешка со 34-33 го победи Исланд и го освои петтото место на Европското првенство.
 
Тоа значи дека Исланд е една од можни пречки на ракометната репрезентација на македонија за пласман на Светското првенство.
 
Покрај Исланд, потенцијални противнизи на Македонија за вториот бараж се и Германија, Хрватска, Русија, Холандија, Црна Гора, Чешка, Србија и Унгарија.
 
За Македонија да дојде до тој бараж треба да го помине првиот бараж каде ќе играме со некој од Швајцарија, Романија, Грција, Израел, Естонија, Финска, Италија, Фарски Острови и Белгија.

Извор: https://www.mkd.mk/sport/rakomet/poznati-se-site-mozhni-protivnici-na-makedonija-za-vtoriot-barazh-za-plasman-na-sp