Митревски оди во Унгарија, ако има негативен тест во Дебрецин ќе брани против Црна Гора
Митревски беше еден од играчите кои отпаднаа поради позитивен тест на ковид-19. Тој остана во Скопје но во меѓувреме направи неколку анигенски тестови и еден ПЦР кои покажаа дека е негативен.
Тој е на пад кон Дебрецин и попладнево треба да се тестира во хотелот. Доколку тестот биде негативен, тој ќе може да брани против Црна Гора.