Брестовац го објави списокот, без Борко и Георгиевски против Финска и Швајцарија
Иако Борко Ристовски брани во голема форма во Вардар, Данило Брестовац не го повика за престојните квалификациски натпревари за Европското првенство, на списокот не е ниту Гоце Георгиевски.
Останатите македонски ракометари во Вардар добија повици, на списокот се Марко Кизиќ, Стојанче Стоилов, Филип Талески и Марко Мишевски.
