МКД.мк

Браќата Њокас од Металург се селат во Вардар!

Браќата Њокас кои дојдоа како големи засилувања за тимот од Автокоманда, нема да одиграат ниту еден официјален натпревар за Металург, ќе се преселат во Вардар. 

Кевин и Оливие Њокас летово беа презентирани како големи засилувања на Металург, но се чини дека ќе играат за Вардар.
 
Искусните француски ракометари подготовките ги почнаа со Металург, па беа позитивни на ковид-19, а потоа не отидоа на подготовките со тимот во Атина. 
 
Последните информации велат дека тие од Металург се селат во Вардар пред самиот почеток на новата сезона.
 
Тие ќе смеат да играат во домашното првенство, но и во Лигата на шампионите уште во првото коло.
 
Кевин Њокас игра на десната бековска позиција, додека неговиот брат е лев бек.

Извор: https://www.mkd.mk/sport/rakomet/brakjata-njokas-od-metalurg-se-selat-vo-vardar