МЗТ Скопје го потврди учеството АБА 2
МЗТ Скопје минатата сезона во баражот против Задар пропушти голема шанса за враќање во најквалитетната АБА лига, но ќе се обиде повторно.
Клубот ја прифати поканата за настап во АБА 2 која му следува на шампионот на Македонија.
„Ова ќе биде наша втора сезона во ова натпреварување, во која ќе дадеме сѐ од себе да отидеме еден чекор понапред од годинава, во однос на обезбедување место кое би нѐ вратило во јадранската елита. Лигата минатата сезона се покажа како квалитетна, со многу сериозни противници, што секако е идеално место за спортско усовршување, пред сѐ на младите таленти во нашиот состав“, стои во соопштението на МЗТ Скопје.
И оваа година покана има и Работнички кој има уште десет дена да одлучи дали ќе прифати да игра во АБА 2.