Милвоки подобар од Далас, Адетокумбо го доби дуелот со Дончиќ (ВИДЕО)
Милвоки и Далас одиграа неизвесен меч кој на крајот го добија домаќините. Тие водеа во најаголемиот дел од натпреварот, но не успеваа да се одлепат. Далас во финишот го сврте резултатот и поведе со 105-103, но последните минути од дуелот му припаднаа на Милвоки за конечни 112:109.
Адетокумбо натпреварот го заврши со 31 поен и девет скока, Дончиќ имаше 28 поени, 13 асистенции и девет скока, му недостасуваше само уште еден скок за трипл-дабл учинок.
Резултати:
Бостон - Орландо 124:97
Кливленд - Њујорк 106:103
Милвоки - Далас 112:109
Оклахома - Чикаго 127:125
Јута - Атланта 116:92
ЛА Лејкерс - Њу Орлеанс 112:95
Сакраменто - ЛА Клиперс 100:138