Мајами победи во Бостон и се избори за мајсторка на домашен терен (ВИДЕО)
Бостон пропушти на домашен терен да дојде до триумф и пласман во големото НБА финале, битката за шампион на истокот ќе продолжи во Мајами.
Натпреварот беше изедначен иако во најголем дел од него водеше Мајами, Бостон се враќаше, поведуваше, но на крајот гостите имаа подобар финиш и победија.
Батлер имаше брилијантна партија, постигна 47 поени, имаше девет скокови и осум асистенции. Во составот на Бостон најдобар беше Тејтум со 30 поени, имаше и девет скокови.