Зверев го освои завршниот АТП турнир во Торино (ВИДЕО)
Германскиот тенисер во двата сета направи по еден брејк и победи со 6-4 и 6-4 против Данил Медведев.
Ова е вторпат како Зверев го освојува завршниот АТП турнир, претходно тоа му успеа во 2018 година во Лондон.
„Играв против човек од кој загубив петпати во низа. Беше навистина одлично. Среќен сум поради овој успех, ова е нешто посебно, многу сум задоволен. Едвај ја чекам следната сезона“, изјави Зверев по мечот.