Зидан: Проблем се судиите... па проблем е распоредот... Секој ден по нешто се случува
Ре-старот на сезоната во Ла Лига е со многу контроверзии. Реал Мадрид го зграпчи врвот по киксот на Барселона против Севиља, по што следуваa бурни реакции од Каталонија и обвинувања дека „кралевите“ добиваат помош од судиите поради неколкуте спорни одлуки со ВАР.
Сега е проблематичен и распоредот, Реал Мадрид испрати официјален протест за своите дуели од 33 и 34. коло, додека пак Барселона потенцира дека нивниот ривал за титулата ќе има 26-27 часа повеќе одмор.
Зинедин Зидан беше запрашан за ова на денешната прес конференција, но тренерот на Реал Мадрид одби да додава масло во огнот.
„Видете, распоредот е таков каков што е, и нема да се промени. Секој треба да си ја гледа работата. И јас имам мислење, но нема да навлегувам во дебата. Еднаш има примедби за судиите, друг пат за распоредот... Секој ден нешто се случува. Во мојот фокус е само утрешниот натпревар, се работи за финале. До крајот има осум кола, не чекаат важни натпревари и мене ме интересира само ова“ – вели Зизу.