Вардар му се одмазди на Борец за поразот во првото коло
На денешниот меч Борец имаше повеќе од играта и шансите, но Вардар успеа да ги казни промашувањата на велешани и да дојде до трите бода.
Двата погодоци дојдоа при крајот на мечот, Попзлатанов погоди во 79. минута, а конечните 0-2 ги постави Матеј Цветановски со гол во судиското продолжение од мечот.
Вардар со овие три бода се искачи на шестото место на табелата, но преостанатите мечеви се играат утре.
Шкендија - Шкупи, Работнички - Македонија ЃП, Струга ТЛ - Ренова, Силекс - Беласица и Академија Пандев - Пелистер се утрешните натпревари.