МКД.мк

Причината поради која Диего Марадона е погребан без срце

Докторот и новинар, Нелсон Кастро открива дека ултрас навивачите на Химнасија Ла Плата планирале да го украдат срцето на Диего Марадона, па ова е една од причините поради која легендата на аргентинскиот фудбал е погребан без срце.

Се наближува годишнината од смртта на Диего Марадона (25. ноември), па докторот и новинар Нелсон Кастро во една емисија на „Ел тресе (Канал 13)“ ја промовираше својата книга „Здравјето на Диего: Вистинската приказна“.

На прашање на новинарката дали е вистина дека Диего Марадона е погребан без срце, тој одоговри: „Да, точно е. Беше откриено дека група ултрас навивачи на Химнасија Ла Плата планираат да го украдат срцето, па беше одлучено да го погребаат без срце. Ова е само едната причина, втората е за да се вршат тестови и испитувања и да се утврди причината за смртта“.

Тој исто така откри дека срцето на Диего Марадона тежело околу половина килограм, а вообичано треба да тежи околу 300 грама.


Извор: https://www.mkd.mk/sport/fudbal/prichinata-poradi-koja-diego-maradona-e-pogreban-bez-srce