Како што соопшти косовската полиција, три лица се уапсени за „убиство во обид и учество во тепање“, а едно било барано со меѓународна потерница. Според полицијата, првите три лица учествувале во тепачка што се случила на 17 октомври минатата година во Урошевац, каде имало и пукање.
Полициски единици вчера запреле „ауди“ со македонски регистарски ознаки во Урошевац. Во автомобилот биле пронајдени три пиштоли и муниција. Тројца од четворицата приведени поседувале лажни документи за идентификација, соопшти полицијата.
По сослушувањето на регионалните истражители, државниот обвинител одлучил на осомничените да им одреди притвор до 48 часа за други истражни дејствија и други постапки за екстрадиција на лице кое се бара со меѓународна потерница, се вели во соопштението.
Красниќи во 2008 година во Македонија беше осуден на 15 години затвор поради тоа што во 2005 година во неговото родно село Кондово со својата група подготвуваше напад на Скопје.