МКД.мк

Обамејанг ги одредил условите за останување во Арсенал

Медиумите од Англија пренесуваат дека Пјер Емерик Обамејанг бара тригодишен договор и плата од 250.000 фунти за да ја продолжи верноста, на потег сега е Арсенал.

Габонецот, кој оваа недела стана играчот кој најбрзо постигнал 50 погодока во Премиерлигата за Арсенал, ја одработува последната година од договорот со „топчиите“.

За неговата иднина имам многу гласини, а последните информации велат дека Пјер Емерик Обамејанг ги одредил условите за останување на Емирати.

ЕСПН пренесува дека напаѓачот побарал тригодишен договор и примања од 250.000 фунти неделно.

Во моментов, платата на Пјер Емерик Обамејанг е нешто помалку од 200.000 фунти неделно, па „топчиите“ се на потег и треба да одберат дали ќе му дадат 20% покачување или пак ќе се разделат ова лето.


Извор: https://www.mkd.mk/sport/fudbal/obamejang-gi-odredil-uslovite-za-ostanuvanje-vo-arsenal