Нови правила во Англија до крајот на сезоната поради контроверзниот гол на Сити против Астон Вила
Минатата недела, Манчестер Сити со 2-0 ја совлада Астон Вила во контроверзен меч. Домаќините поведоа под сомнителни околности, Родри беше длабоко во офсајд кога се активираше и му ја одзеде топката на Тајронг Мингс и го проигра Силва за водство на „граѓаните“.
Гостите реагираа бурно, тренерот на Астон Вила беснееше крај аут линијата и беше исклучен поради жестоките протести.
Судиите сметаа дека започнала нова акција кога Мингс доброволно ја смирил топката, но многумина веруваат дека Родри се стекал со нефер предност и голот морал да биде поништен.
За да се избегне нова контроверзија, дадени се нови насоки за толкување на правилото за офсајд, па вакви голови во иднина нема да важат и ќе бидат поништени. Премиерлигата и ЕФЛ ги известиле сите 91 професионални клубови за промените кои ќе важат во продолжението од домашните натпреварувања.