Не бил само Халанд, Лапорта и Погба разговарале за трансфер на уште тројца фудбалери
Претседателот на Барселона и агентот имаа средба оваа недела во Торино, ја искористија церемонијата за „Златно момче“ за да поразговараат за настап на трансфер пазарот.
Според пишувањат на Спорт, тема на разговор биле Ерлинг Халанд, Пол Погба, Чави Симонс и Нусаир Мазрауи. Првиот има откупна клаузула од 75 милиони евра, додека пак останатите тројца се под договор до јуни 2022, и беспари можат да дојдат на Камп Ноу.
Весникот додава дека Чави веќе шкртнал едно име и не го сака Пол Погба, фудбалерот на Манчестер јунајтед не се вклопува во плановите на тренерот на Барса.
Чави за средниот ред преферира друг профил на играч, односно фудбалер кој знае да игра со топката и физичките квалитети не му се главен адут.