Навивач на Рома украл дрес па се правдал: Извинете, но Мурињо ме тера да правам луди работи
Жозе Мурињо предизвика еуфорија кај навивачите на Рома кога на почетокот од летото пристигна во Рим и седна на кормилото на „волчицата“.
„Ефектот Мурињо“ сега се најде и во полициски записник откако еден навивач на Рома украл дрес од продавницата на „вочлицата“ во центарот на Рим.
Кога полицијата го уапсила момчето, тој како оправдување рекол: „Извинете, но Рома на чело со Мурињо ме тера да правам луди работи. Играме финале во Конференциска лига, не можев да одолеам“.
Можеби Рома е далеку од битката за Скудетото, но за прв пат по 31 година ќе игра европско финале и против Феенорд во Тирана ќе се бори за трофејот во Конференциска лига.