петок, 19 април 2024

Костадиновска Стојчевска: Платата во културата е исплатена и е зголемена за 12 проценти

По протестите на вработените во културните институции кои вчера со голем собир пред Министерството за култура и со поддршка од СОНК и ССМ беа најавени за денеска поради незадоволство од доцнењето на мартовската плата и незголемувањето на износот за 12 проценти согласно Колективниот договор, денеска министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска објави дека платата е исплатена и тоа зголемена за 12 проценти. Од СОНК велат, плата уште нема.

Објавено на

часот

Сподели

„Како што ветив,  платите на културните работници од денеска се покачени за 12 проценти. Оваа Влада предводена од СДСМ се грижи подеднакво за сите. Од 2019 година до денес, покачувањето на платите во секторот култура се искачи на 52 отсто, со потпишувањето на Колективниот договор“, нашипа Костадиновска-Стојчевска  на социјалните мрежи.

Таа нагласи дека веќе две години се бори за повисоки плати за вработените во културата.

„Успехот не може никој да го порекне. Платите пораснаа и повторно ќе растат. Не постои ниту еден чинител кој е против повисоки плати, особено кога Законот за кој оваа Влада се избори е на страната на културните работници“, вели министерката.

Костадиновска-Стојчевска ги оценува како предизборна игранка и манипулација реакциите и протестите на Синдикатот на културните работници (СКРМ).

„Вчерашниот состанок во Министерство за финансии, вели министерката за култура,  „не беше свикан со намерата која Синдикатот за култура им ја презентираше на своите членови, нути пак за некаква игра, денес тоа се докажа. Секогаш сум била на страната на вработените, за повисоки плати и за поголеми работнички права“.

Над три илјади вработени во културните институции од денеска започнаа со протести.

По објавата на изјавата на министерката, СОНК во 16 часот излезе со реакција:

„Дали да ѝ се верува на министерката со нејзиниот фејсбук – статус? На 1 април истото го напиша, како и денеска, но плата нема. Додека немаме цврст писмен доказ за тоа што го пишува, СОНК нема да ги отповика одлуките за протест и штрајк.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ