МКД.мк

Лаутаро донесе победа за Аргентина против Перу, Бразил убедлив во дербито со Уругвај (ВИДЕО)

Аргентина со 1-0 го доби квалификацискиот меч за СП против Перу, Бразил со убедливи 4-1 славеше над Уругвај.

Единствениот гол за Аргентина во победата над Перу беше дело на Лаутаро Мартинез во 43. минута од мечот.

Аргентинците се сигурни на втората позиција на табелата и лесно стигнуваат до место на Светското првенство во Катар.

Прв во групата е Бразил кој со 4-1 беше подобар од Уругвај.

Два од погодоците беа дело на Рафиња, еден на Габриел Барбоса, а резултатот го отвори Нејмар.

Чиле со 3-0 беше подобар од Венецуела, Боливија изненадувачки убедливо со 4-0 го совлада Парагвај, немаше голови на мечот меѓу Колумбија и Еквадор.

 

Извор: https://www.mkd.mk/sport/fudbal/lautaro-donese-pobeda-za-argentina-protiv-peru-brazil-ubedliv-vo-derbito-so-urugvaj?page=1