четврток, 18 април 2024

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој воен сојуз, кажа министерот за одбрана Луис Петри во момент кога неговата земја бата начин да ги зајакне врските со Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 застарени американски воени авиони Ф-16 од Данска, а договорот го поддржа и Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменикот на генералниот секретар на НАТО Мирчеа Геоана и му врачил писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западниот воен пакт.

Според НАТО, глобалните партнери соработуваат со членките на пактот во споделување на разузнавачки податоци и учество во воени вежби.

Глобални партнери на НАТО, меѓу другите, се Австралија, Јапонија, Колумбија, Јужна Кореја, Нов Зеланд и Пакистан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ