Kимих се кае што порано не примил вакцина: Имам вода во белите дробови, може да ми направи штета на срцето
Џошуа Кимих беше еден од фудбалерите на Баерн Минхен кои не сакаа да се вакцинираат, Германецот објаснуваше дека не е анти-ваксер, едноставно е загрижен поради тоа што нема доволно долгорочни истражувања.
Фудбалерот од средниот ред сега се кае за ваквиот став, ковид-19 му направи компликации.
„Можеби требаше да поминам низ она што поминав сега за да добијам подобра слика. Од денешна гледна точка, подобро ќе беше да се вакцинирав“ - вели Џошуа Кимих, кој ќе паузира до крајот на годината.
„Симптомите кои ги имав беа благи, но имав вода во белите дробови. Не смеам да тренирам, во спротивно може да направи штета на срцето и да имам последици на долг рок“.